На Пинк Пантер му избега нерешениот резултат против Лозница, Сесвете славешe во дербито со Радник (ФОТО)

 

Пинк Пантер беше на прагот на изненадување против Лозница во Штип во рамките на Регионлната бокс лига да извлече нерешен резултат со екипата која такува на шампионската титула. Во дербито на колото Сесвете славеше против Радник со 10-6.

Оваа средба се одржа во спектакулран атмосефра под шатор во хотелот Ваго.

Искусниот Александар Димовски – Димса со победа можеше да го изедначи резуптатот на 8-8, но Бабиќ се покажа поумешен па така гостите извојуваа победа од 6-10.

По долго отсуство во штипската екипа се појави Александар Ристевски кој за забележа победа, а славеа и Јовановски и Доциќ.

Регионална бокс лига

Пинк ПантерЛозница 6-10

-56 кг Александар Ристевски – Саше Шулиќ 3-0

-60 кг Алмир Нуришов – Стефан Иванов 0-2 (TKO, Р2)

-64 кг Стефан Ѓокиќ – Елијан Димитров 0-3

-69 кг Мартин Алексов – Милош Пахла 0-3

-75 кг Димитар Јовановски – Иван Рачевиќ 3-0

-81 кг Илче Јоновски – Никола Јовановиќ 0-3

-91 кг Марко Доциќ – Драган Вељковиќ 3-0 (без борба, со Бабиќ пријателска)

+91 кг Алекснадар Доневски – Владан Бабиќ 0-3 (без борба)

СесветеРадник 10-6

-56 Давид Алавердијан – Ален Рахимиć 2-1

-60 Матео Комадина – Себастијан Шачири 2-1

-64 Стипан Пртењача – Дамјан Грмуша 3-0

-69 Јосип Матиќ – Адем Фетаховиќ 0-2 (ТКО, Р2)

-75 Мирослав Капулер – Сандро Полетан 1-2

-81 Дамир Плантиќ – Џемал Боњнјак 1-2

-91 Лука Пратлјаќиќ – Раденко Томиќ 3-0 ВО

+91 Ален Бабиќ – Дашо Симеуновиќ 3-0

Радник и Лозница имаат по 10 бода, а Сесвете 9, Металац 5 и Пинк Пантер 0.

Во последното коло ќе се решава кој ќе биде првиот шампион во РБЛ.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО