АктуелноДомашна сценаКик бокс

Борче Ивановски на 29 декември се бори за европската титула на СПФ

 

На 29 декември Борче Ивановски од Делечево ќе се бори за европската титула на СПФ во К-1 во категоријата до 83 килограми на настанот во Фезирај (Урошевац), Косово. Ивановски ќе се бори против Гезим Селмани.

„Досега имам пет борби, а за противникот знам дека е доста добар борец и дека тренира во Германија. Публиката во Македонија може да очекува пред се интересен меч, а јас ќе кажам подобриот нека победи“, вели Борче Ивановски кој досега има пет борби во Косово, но и настапи на три Светски и две Европски првенства, на неколку Балкански првенства на кои има освоено три сребра и една бронза, и еден сребрен медал на азиско првенство во категоријата до 75 кг. Покрај тоа, настапил и на неколку светски купови.

Ивановски има 32 професионални борби во кик бокс, 5 во бокс и 2 во ММА.

31- годишниот Ивановски кик бокс почнува да тренира на 15-годишна возраст.

„Бев активен член на репрезентација до 2013 година. Последната борба ми беше во ММА во 2014-та, а поради повреда направив поголема пауза“, истакнува Ивановски.

Борче е брат на македонскиот кик бокс репрезентативец Мики Ивановски кој во 2015 година освои бронзен медал на Европското првенствио за сениори.

„Живеам во Делчево и тренирам заедно со брат ми Мики, а, бидејќи тој долго време е во кик боксот, разменуваме искуства во тренинзите. Гледам да вметнувам нешто ново и секој нов тренинг да биде различен од претходниот“, објаснува Ивановски.

Според него,во овој момент е тешко да се дефинира целта, но како и секој спортист вели дека сака  да го победи противникот и да ја освои титулата.

Ipon.mk/В.Д.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON