Џошуа: Валјдер би го нокаутирал со еден удар, а Паркер ќе го шлакам по рингот

Преостанатите светски шампиони во тешка категорија тргнаа во жестока вербална офанзива на Ентони Џошуа.

Во средата ВБО шампионот Џозеф Паркер и неговиот промотор Дејвид Хигинс дури одржаа и прес-конференција на која на медиумите и нагласија дека Џошуа има „стаклена брада“.

Џошуа остана збунет по гледањето на прес-конференцијата.

„Мислам дека Паркер го губи времето на погрешни работи. Дали е тоа само желба за публицитет? Дали е ова некоја ПР- конструкција? Тука не се работи за бојазност кога ќе се бориме. Се борев со Владимир Кличко премногу рано во кариерата, но се укажа прилика и успеавме да се договориме со еден од најголемите на сите времиња. Направивме шоу и не се жалевме“, прокоментира Џошуа.

„Па, што е толку тешко во борбата со ова дете кое го организира прес-конференција? Тоа е многу непрофесионално од нив. Насловот во тешка категорија ужива толкав респект па тие со такви работи ги одземаат од „крем де ла крем“ позицијата.

Џошуа е убеден дека ќе го нокаутира Вајлдер (39-0, 38 КО) со еден удар, а Паркер (24-0, 18 КО) ќе трае малку подолго додека нему попушти брадата (муцката).

„Мислам дека знам што треба да направам со Вајлдер. Паркер? Не сакам да го потценувам, но мислам дека би го шамарал по рингот без проблеми. Вајлдер би го нокутирал. Можеби ќе треба некое време, но дефинитивно би го нокаутирал. Паркер ќе мора малку повеќе да го удирам, но ќе стигнам и до него. Вајлдер ќе го нокатирам со еден удар. Не во смисла да влезам со него во тепачка, кога ќе го дофатам, еден еден удар дефинитивно ќе го нокаутирам“.

Паркер и неговиот тим велат дека се подготвени да прифатат поделба на парите 35-65 отсто во корист на Џошуа и се чини дека шампионот на ВБА, ИБФ и ИБО е најблиску да се бори со ВБО шампионот од Нов Зеланд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО