Дмитри Бивол го продолжува метеорскиот подем во полутешка категорија (ВИДЕО)

Дмитри Бивол (12-0, 10 КО) го продолжува метеорскиот подем во полутешка категорија.

26-годишниот Русин во мечот со Австралијанецот Трент Броудхарст (20-2, 12 КО) влезе како единствен ВБА шампион, иако до пред неколку месеци беше само трет во таа федерација, како привремен шампион.

Во меѓувреме, „супер“ првакот Андре Ворд се пензионира, а „регуларниот“ ВБА шампион Баду Џек ја ослободи титулата отакако федерацијата нареди поднесување на понуда за организација на неговата борба со Бивол.

Во главната борба на настанот во Монако на кој дерек Чисора ја изгуби титулата од Кабајел ЕБУ во тешка категорија, Бивол го нокаутира шестиот од ВБА листата на крајот од првата рунда.

29-годишниот Австралиец активно го отвори мечот, но по една минута се најде во нокадаун. Бивол го заврши со заден директ во последните моменти на првата рунда.

Броудхарст единствениот претходен пораз го претрпе од Роберт Беридже, кој Бивол го победи со прекин во април оваа година кога одбрани привремената ВБА титулата.

Во 2017 година боксирашечетири пати и победи исто толку пати со прекин.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО