Бобан Данов ќе дебитира на Светското самбо првенство во Сочи (ВИДЕО)

Бобан Данов од 9 до 13 ноември ќе настапи на Светското првенство во самбо во Сочи, Русија.

Данов ќе дебитира во овој спорт во категоријата до 120 килограми.

„Малку е слично на борењето, ама има и лосотови. Правилата ми се познати, не се како во кураси (кураш). Сепак, предност има борењето“, вели Данов објаснувајќи дека технички туш е до 8 поена, а бодувањето било исто како во борењето. Тушот е до 20 секунди, но потешко се прави.

Покрај Данов во Сочи ќе патува и Един Дураковиќ.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО