Нејт Дијаз изјави дека ќе врати порано во кафезот, отколку подоцна

Една од ѕвездите на УФЦ, Нејт Дијаз, трипати се бореше за осум месеци во 2015/2016 година, а во една од овие битки го шокираше светот со победата над Конор Мек Грегор. Во 2017 година уште не го видовме Нејт во октагонот, но борецот од Стоук откри дека наскоро ова може да се промени.

До сега се е добро документирано, Нејт се смета за еден од важните борци на УФЦ. Сепак, изгледа УФЦ дека не се согласува со тоа, бидејќи не сака да одговори на финансиските барања на помалиот од браќата Дијаз.

Нејт не стапнал во октагонот речиси една година откако загуби со судиски одлука во реваншот против шампионот во лесна категорија Конор Мек Грегор.

Помалиот брат на Ник, Нејт инсистира на уште еден реванш со Мек Грегор или друга многу поповолна битка за да успеат да го намамат да се врати во кафезот.

Претходно летово имаше некои финансиски несогласувања меѓу Нејт Дијаз и неговиот агент. Извештаите покажуваат дека Нејт би можел да загуби до еден милион долари во оваа правна битка.

Ова може да биде фактор во очигледна промена на Нејт за неговата следна битка. Кога неодамна беше запрашан за неговото враќање во окатгонот, неговиот одговор беше малку поинаков од вообичаениот.

„Времето ќе покаже, ќе видиме што ќе се случи во следните месеци. Сигурен сум дека ќе бидам таму побрзо, отколку подоцна, но засега си земав одмор за ова лето, се мотам наоколу и проверувам некои работи“, изјави Дијаз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО