Трговец со луѓе и неонацист се бори на М-1 Челинџ

М-1 Челинџ 78 се одржува на 22 мај во рускиот град Оренбург. На прв поглед се работи за просечна листа борби а ја предводат Максим Дивнич и Даниел Исмалугов борбата за појасот во лесна категорија. Она што се нагласува на листата  е името на Франк Кроц, осуден за трговија со луѓе, познат неонацист и наводен припадник на „Ангелите на пеколот“. Кроц се бори против Николај Савилов во тешка категорија.

Минатото наКроц е богато со криминални активности. Во средината на 2000 година, беше затворена поради подолга листата на кривични дела, како што се нелегално поседување на оружје, физичко насилство, а најшокантните делови на листата е дефинитивно трговијата со луѓе. Како што пренесува „antifainfoblatt.de“, времето што поминал во затвор не било доволно за да се врати на вистинскиот пат. Кратко откако беше ослободен од затвор, и се врати на нечесните работи, како подведување проститутки. Многумина го поврзуваат и со озлогласените “Пеколни ангели“.

Но ова не се сите на криминали кои се поврзуваат со името на Кроц. Контроверзниот борец наводно е поврзан со неонацистичко движења, што лесно може да се прочита преку неговите тетоважи инспирирани од омраза. Една од нив е тетоважа на свастиката со англиската кралица „2YT4U“ (too white for you), што во превод значи „премногу бел за тебе“, но тоа дефинитивно упатува на расна омраза.

Сувишно е да се зборува дека голем број на промоции не би помислиле да го стават овој борец во својата листа, но се чини дека М-1 нема проблем со криминалното минато на Кроц.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО