Берат Јакупи ќе се бори за европската титула!

Берат Јакупи (-84 кг) ќе се бори во финалето на Европското првенство за сениори во Коxаели, Турција.

Во финалето ќе се бори со турскиот каратист Угур Акташ кој во два наврати тешко го повреди Јакупи, еднаш на Карате 1 Премиер лигата и вториот пат на Балканското првенство во Истанбул. Ова е прилика во недела да му се реваншира на најдобар начин – да го победи и да ја освоија европската титула, што ќе биде втор негов трофеј на европските првенства.

Берат Јакупи во првото коло го совлада Русинот Денис Денисенко со 2-1, во второто беше подобар од Белорусинот Антон Исакау, во четвртфиналето го совлада босанскиот натпреварувач Мерис Муховиќ, а во полуфиналната борба го победи и Гркот Георгиос Цанос кој беше еден од фаворитите за медал.

-84 кг
Берат Јакупи – Денис Денисенко (Русија) 2-1
Берат Јакупи – Антон Исаку (Белорусија) 0-0
Берат Јакупи – Мерис Муховиќ (Босна и Херцеговина) 2-1
Берат Јакупи – Георгиос Цанос (Грција) 1-0

Финале
Берат Јакупи – Угур Акташ

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО