Радичевска и Георгиева ќе се борат за бронзениот медал на ЕП, Арсовски и Илиевски за малку не успеаја!

Покрај тоа што Берат Јакупи (-84 кг) го обезбеди најмалку сребрениот медал за Македонија на Европското првенство за сениори во Коџаели, Турција, со пласманот во финалето и Сара Радичевска (-50 кг) ќе се бори за бронзениот медал против Серап Озџелик (Турција), како и Јована Георгиева (55 кг) со Емили Туј (Франција).

Георгиева во репасажот ја  совлада Вероника Халодова (Словачка) 2-0 и си обезбеди борба за бронзениот медал со Емили Туј од Франција.

Шанса да се вклучи во борбата за медал имаше и Димитар Илиевски (-67 кг) кој ја изгуби борбата од Матеј Хомола (Словачка) 0-1 која го водеше во битката за бронзениот медал. Исто така и Жарко Арсовски во клучниот меч во репасажот загуби од Србинот Слободан Битевиќ со 2-0 и не влезе во борбата за бронзениот.

Остана да настапат утре уште машката и женската екипа во борби, а во сабота и недела се борбите за медалите. Берат за златниот медал настапува во недела, а Сара за бронзата во сабота.

Јакупи во финалето ќе се бори со турскиот каратист Угур Акташ.

Берат Јакупи во првото коло го совлада Русинот Денис Денисенко со 2-1, во второто беше подобар од Белорусинот Антон Исаку, во четвртфиналето го совлада босанскиот натпреварувач Мерис Муховиќ, а во полуфиналето Гркот Георгиос Цанос кој беше еден од фаворитите за медал.

Резултати

Кати поединечно
Пуликсенија Јованоска – Еими Сел (Англија) 4-1
Пуликсенија Јованоска – Вивијана Ботаро (Италија) 0-5
репасаж
Пуликсенија Јованоска – Јасмин Бојтел (Германија) 0-5

Ферри Исиќ – Алесандро ди Амедео (Белгија) 1-4

-50 кг жени
Сара Радичевска – Ана Мадиреира (Португалија) 2-0
Сара Радичевска – Корал Амос (Израел )3-1
Сара Радичевска – Рокио Естепа (Шпанија) 4-2
полуфинале
Сара Радичевска – Катерина Крива (Украина) 0-5
Репасаж за бронзен медал
Сара Радичевска – Серап Озџелик (Турција)

-55 кг
Јована Георгиева – Јулија Рајтер (Австрија) 3-1
Јована Георгиева – Сара Кардин ( Италија) 0-0 (победа на Кардин со изјаснување)
репасаж
Јована Георгиева – Вероника Халодова (Словачка) 2-0
за бронза
Јована Георгиева – Емили Туј (Франција)

-61 кг
Сара Крстевска – Ана Мигу (Германија) 0-3

-68 кг
Моника Стефановска – Лиза Расмунсон ( Шведеска) 1-0
Моника Стефановска – Јоана Кнер (Германија) 0-4

+68 кг
Драгана Тодорова – Мирнеса Бекташ (Босна и Херцеговина) 0-4

-60 кг мажи
Емил Павлов – Мишел да Соул (Белгија) 2-0
Емил Павлов – Ерај Смадан (Турција) 0-0 (победа за Самадан на изјаснување)

-67 кг
Димитар Илиевски – Николјас Бодровс (Литванија) 2-1
Димитар Илиевски – Џордан Томас (Англија) 2-1
Димитар Илиевски – Александар Гутник (Русија) 0-1
Репасаж
Димитар Илиевски – Матеј Хомола (Словачка) 0-1

-75 кг

Енес Смаилагиќ – Робин Ретенбахер (Австрија) 2-1
Енес Смаилагиќ – Лука Коста (Белгија) 2-3

-84 кг
Берат Јакупи – Денис Денисенко (Русија) 2-1
Берат Јакупи – Антон Исаку (Белорусија) 0-0
Берат Јакупи – Мерис Муховиќ (Босна и Херцеговина) 2-1
Берат Јакупи – Георгиос Цанос (Грција) 1-0
Финале
Берат Јакупи – Угур Акташ

+84 кг
Жарко Арсовски – Михал Бабос (Полска) 3-3
Жарко Арсовски – Андреј Гриневич (Белорусија) 1-0
Жарко Арсовски – Енес Еркан (Турција) 0-1
Репасаж
Жарко Арсовски – Слободан Битевиќ (Србија) 0-2

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО