Игор Лазаревски е новото име на фајт-картата ИСФА во Битола: Не очекувам втора рунда!

igor-lazarevski-na-isfa-bitola

Стружанецот Игор Лазревски е најновото име на фајт-картата на ММА настанот на ИСФА во Битола на 3 декември, кога се одржува и Европското првенство за аматери во граплинг и ММА.

Лазаревски во лесно-тешка категорија ќе се сретне со Бугаринот Петур Петров.

Лазаревски вели дека не е изнанден од поканата и оти ја очекувал.

„Противникот не го познавам, но тоа не претставува проблем, бидејќи сум фокусиран само на победа. Очекувам тешка борба, но не верувам дека ќе има втора рунда“, вели Игор Лазаревски алијас Генерал Цаки.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО