Ѓоргиев и Манојловски се закитија со бронзени медали на ЕП во кик бокс

manojlovski-so-ukrainecot-na-ep-2016

Македонија освои две бронзи на Европското првенство во кик бокс во Лутраки, Грција, откако Ненад Манојловски (-69 кг) во кик лајт е поразен во полуфиналето од Володимир Демчук од Украина со 3-0, како и Димитар Ѓорѓиев (-74 кг) од Словакот Карлик Марек со 1-2 во истата дисциплина, поради дисквалификација.

dimitar-so-slovak-na-ep-2016

„Ѓоргиев во борбата влезе со повреда на аркадата, што навистина му претставуваше проблем во текот на борбата. Чувајќи ја повредата подсвесно одеше со наведната глава, по што од судиите доби две јавни опомени. На почетокот на втората рунда Ѓорѓиев ги доби и преостанатите со кои беше дисквалификуван од страна на судиите..

Манојловски во дисциплината как лајт до 69 килограми за противник го имаше Володимир Домочук од Украина. Во текот на целата борба нашиот кикбоксер ја имаше иницијативата , за во третата рунда да потклекне и го загуби мечот“, велат од нашата репрезентација.

Да потсетиме дека Милан Кубин (-79 кг) и Марија Божиновска (-70 кг) обезбедија финале откако во полуфиналните борби извојуваа победи.

Кубин со технички нокаут на почетокот на втората рунда го елиминираше турскиот кик боксер совлада Али Алватар Џемаил од Турција со 2-0..

Во борбата за златниот медал ќе се сретне со Русинот Александер Боров кој во полуфиналето го совлада Раин Рудер од Естонија со 3-0.

Исто така и Марија Божиновска (- 70 кг) се пласира во финалето, бидејќи победи со 3-0 во дуелот со Илкај Менгуџ од Турција и не и даде шанса за изненадување. Во финалето ќе се бори со Катарина Квичиен од Полска, која без броба се пласира во финалето.

Засега Македонија има освоено две сребра и две бронзи, со тоа што сребрените медали ноже да се претопат во златни.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО