Металург и уште 4 клуба ги почнаа подготовките за Токио 2020 со бугарската карате репрезентација (ФОТО)
Дел од македонските клубови ги почнаа подготовките за историските Олимписки игри во Токио 2020 година кога каратето ќе дебитира на олимпијадите. Од искуство, Металург, а и клубовите што му се придружија, знаат како се стигнува до медалите.
Во организација на Карате клубот Металург е поканета бугарската карате репрезентација во салата на клубот да одржат заеднички тренинзи и да разменат искуства и идеи, кој е во тек, а вечерва ќе има и натпревар. Загревањето го направи еден од најдобрите македонски каратисти, Мартин Несторовски.
На заедничките тренинзи се придружија и клубовите Макпетрол, Кеикс, Ботони и Јошитака, клубови кои освојувале медали за Македонија и кои имаат најголемо учество во репрезентативниот состав на нашата земја.
Само вака може да се стигне до посакуваниот успех – учество на Олимпијадата во Токио и освојувањето на историски медал за Македонија.
Ipon.mk/В.Д.







