Оверем: Конор и Флојд лажат за парите што ги добиваат

Overem muskuli

Претендентот за УФЦ титулата во тешка категорија, Алистер Оверем, сподели интересно мислење дека двајца од најпознатите високо ценети борци на планетата Конор Мек Грегор и Флојд Мејведер лажат за парите што ги добиваат.

Иако сите знаеме дека Мејведер доби стотици милиони за последните неколку дуели, а Мек Грегор можеше да се пофали со рекорден хонорар од 3 милиони долари за средбата со Нејт Дијаз на УФЦ 202.

Говорејќи за медиумите, Оверем рече дека според него овие бројки не одговараат на реалноста.

„Мојот одговор на Конор и Флојд е следниов: дозволете ми да ги видам банкарските извештаи. Можете да зборувате, да твитувате што сакате, но да ги видам извештаите. Секогаш ќе биде така. Луѓето ќе лажат. Живееме во 21-тиот век. Социјалните медиуми се лажни“.

„Лично тешко да и поверувам и на двајцата, кога тие зборуваат за приходите“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО