ОИ: Испадна Кубанецот Аргилагос, Лопез го нокаутира Унгарецот Харкса (ВИДЕО)

aregilagos poraz na oi

Седмиот ден боксерскиот турнир во Рио го добивме првиот финален пар.

Јуберјен Мартинез влезе во историјата како првиот Колумбиец во финалето на боксерскиот турнир на Олимписките игри. 24-годишниот Мартинез со поделена одлука на судиите го победи најдобро рангираниот боксер во полумува категорија, 19-годишниот Кубанец Џониса Агрилагос.

martinez Argilagos

Во финалето на категоријата до 49 килограми ќе се сретне со Узбекистанецот Хасанбој Дусматов кој го елиминираше Американецот Ника Хернандез, кој како и Аргилагос ја освои бронзата.

Трикратниот светски првак од Куба, Лазаро Алварез, го победи со едногласна одлука на судиите Американецот Карлос Балдерас и влезе во полуфиналето на лесна категорија (-60 кг).

arlen lopez harcsa

Арлен Лопез влезе во четвртфиналето на средна категорија (-75 кг) нокаутирајќи го со лево кроше во првата рунда Унгарецот Золтан Харксa. Следниот негов противник  е Французинот Кристијан Мбили која со прегласување на судиите го поминаа Еквадорецот Марл Хавиер Делгадо.

Вчера настапите ги започнаа и боксерките.

https://youtu.be/8g9YAy4cQzg

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО