Марк Хант: Рангирањето во УФЦ е фабрикувано, како и се друго!

Hant vo teman pozadina

Марк Хант не престанува да зборува против УФЦ, откако беше јасно дека Брок Леснар го победил на УФЦ 200 допингуван.

Откако го побара целиот хонорар на Леснар, а потоа неколку пати упати вистински еден куп навреди на адреса на компанијата, сега австралискиот борец повторно го направи тоа.

Овој пат тој зборува за ранкинг системот на УФЦ, истакнувајќи дека и тој е „фабрикуван“, како и сè друго во организацијата.

Тоа го направи на социјалната мрежа Твитер, каде што Хант одговори на фан кој го известува дека Брок Леснар бил остранет од ранкингот на тешка категорија.

„Рангирањето е фабрикувано, како и се друго“, одговара Супер Самоанецот.

9 Aug

 NAUT @NAUTaudio

@ Ryan4786 @ markhunt1974 Lesnar was removed from rankings – but that’s hardly a resolution.

 Follow

 mark richard hunt ✔ @ markhunt1974

@NAUTaudio @ Ryan4786 the rankings are fabricated like everything else

11:10 AM – 9 Aug 2016

  1 1 Retweet 4 4 likes

Темата за релевантноста на рангирањето во УФЦ пак стана предмет на дискусија откако Дан Хендерсон, кој се наоѓа под 13место во средна категорија, добие шанса да се бори со шампионот Мајкл Биспинг – факт кој ги иритираше борците кои се многу пред него на листата за предизвикувачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON