Првите кадри од документарниот филм за СМ Панк (ВИДЕО)

CM Pank

CM Punk/СМ Панк е еден од големите маркетинг потези на УФЦ во последните неколку години. Имајќи во предвид дека тој беше еден од најпопуларните кечери на планетата, а преминот во светот на ММА предизвика огромен одек во медиумите и кај навивачите.

Панк своето деби во УФЦ ќе го направи на УФЦ 203 против Мики Гал на 10 септември, а од компанијата пуштија во оптек трејлер за посебен документарен филм, снимен за неговиот пат од кечерскиот ринг до октагонот.

Веќе можеме да ги видиме и првите кадри од видео записот именуван како „The Evolution of Punk“.

Што можеме да очекуваме од CM Панк За сите нас се уште е мистерија, бидејќи никогаш не сме го виделе во вистинска ММА борба. Откако потпиша со УФЦ пред година ипол, тој почна да работи со тренерот Дјук Руфус, изучувајќи ги тајните на ММА и подготвувајќи се за своето деби. А што успеал да научи, тоа ќе го дознаеме по месец.

Видете делови од видеото посветено на неговиот пат до октагонот:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО