Дионтеј Вајлдер и ја фрли ракавицата на Фјури и Џошуа

Diontej vajlder so zlatna maska

Светскиот шампион во верзијата на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, успешно ја одбрани титулата против својот сонародник Крис Ареола и секавично побара обединувачки меч за титулите во тешка категорија против некој од другите двајца шампиони, Ентони Џошуа и Тајсон Фјури.

Тој откри дека против Ареола се борел со скршена рака и истегнат мускул, што сепак не му попречија да доминира над неговиот противник.

Во минутите по победата над Ареола, Дионтеј се сврте кон публиката во родната држава Алабама, која го поддржуваше од почетокот до крајот на средбата.

„Сакав да ви подарам нокаут, но ја скршив раката и го истегнав мускулот на десната рака. Крис е здрав, поради што мораше да се борам како шампион и да го демонстрирам извонредниот директ во текот на целата вечер. Летав како пеперутка и касав како оса со левиот директ цела вечер. Извинете“.

„Мојата цел е да ги обединиме титулите. Јас сум еден од боксерите со најсилен удар во тешка категорија. Изминав долг пат и притежнувам кон останатите појаси, сакам некого за ривал. Како што гледате, не е важно дали сум ја скршил раката или сум го истегнал мускулот, јас ќе продолжам да се борам, бидејќи тоа е она што го прават шампионите. Не си играм со боксот“.

„Се разбира дека го сакам Тајсон Фјури, но и Ентони Џошуа. Друго е прашањето – дали и тие ме сакаат за противник“?

Тајсон Фјури ќе ја брани титулата против поранешниот владетел во категоријата Владимир Кличко, додека Џошуа се уште го нема одредено наредениот противник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО