АктуелноБоксПрофесионален
Мани Пакијао 6 пати го праќаше Алгиери на подот
Мани Пакијао (Филипини) ја одбрани титулата на Светската боксерска организација (ВБО) во полусредна категорија. Тој на поени го победи Крис Алгиери на галавечерта во Макао, Кина. Филипинецот доминираше на средбата и забележа вкупно 6 нокдауни. Тоа беше 57 победа (38 со нокаут) за Пакијао, кој има 5 порази и 2 нерешени борби. Алгиери на своето конто има 20 победи (8 со нокаут) и 1 пораз.




