Металург пред Макпетрол и Ронин на Државното првенство

2014-11-23 14.46.38

Каратистите на Металург од Скопје се најуспешни по бројот на освоени медали на Државното првенство за кадети, јуниори и јуниори д0 21 година што овие два дена се одржуваше во Скопје.

Металург вкупно освои 16 медали од кои 8 се златни и по четири сребрени и бронзени. Потоа следи Макпетрол со 15 медали (4-4-7), па Ронин со 15 (4-2-9), Олимпик спорт 2002 со 7 (3-3-1) и Башкими 2002 со 5 (3-1-1).

2014-11-23 13.28.19

 

За разлика од вчера, денес имавме послаб квалитет на борби во кадетска конкуренција, но по својот квалитет може да се издвојат борбите во категориите до 52 и над 70 килограми, каде што се сретнаа Столе Смилковски-Олимпик спорт 2007 и Ули Фетаи од Фати од Гостивар и Филип Несторовски-Металург и Димитар Јакимов-Партизан од Кочани.

2014-11-23 13.22.35

Металург во екипното финале во борби без проблем го совлада тимот на Макпетрол.

2014-11-23 13.53.39

Можеше да се забележи дека Металург и Макпетрол медалите ги освојуваат, претежно, во борби, а Ронин во изведба на кати. Сепак, радува фактот што имаме дисперзија на медали во повеќе клубови во државата, како во: Прилеп, Штип, Гостивар, Тетево, Кочани, Куманово, Кичево.

Резултати од државното првенство за кадети, јуниори и јуниори 21.

2014-11-23 13.55.17

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО