АктуелноБорењеДомашна сцена
Лутите противници Шабан Трстена и Џовани Скилачи се сретнаа во Истанбул (ФОТО)
Олимпискиот шампион Шабан Трестена кој отпатува во Истанбул на последниот квалификациски турнир за Олимпијадата во Рио по покана на Турската федерација во борење, но и како морална поддршка на нашите борачи да обезбедат норма.
Трстена се сретна со светскиот и европски првак и лут тивал, Џовани Скилачи од Италија до 62 килограми, додека Шабан настапуваше во категориите до 52 и 57 килограми, со кого се сретнаа на Медитеранските игри, а Италијанецот важеше за голем фаворит, но нашиот шампион убедливо го совлада фаворизираниот Скилачи.
Во Истанбул ги обновија спомените за минатите времиња и продискутираа за сегашната сосотојба во борењето и за борењето во Македонија и Италија.
Ipon.mk/В. Д.




