Голем бронзен медал на џудистката Абреша Реџепи на Европксиот куп во Клуж (ФОТО)

Abresa Redzepi bronza Romanija so Micko

Абреша Реџепи (-48 кг) освои историски бронзен медал за џудтото во Македонија. Реџепи на Европскиот куп Клуж Напока за кадети во Романија го освои третото место, што е еден од најголемите успеси на македонските џудисти.

Abresa Redzepi bronza vo Romnaija 2016

Таа најпрво ја совлада Србинката Невена Милиќ, кои имаа по еден вазари, но противничката имаше една казна повеќе, потоа загуби од Гулија Сантини од Италија со еден ипон. Во репасажот Реџепи славеше против Сандра Тамаши од Унгарија со еден ипон, а со иститот резултат ја победи и Хрватката Матеа Брлетиќ. Во клучниот меч за бронзениот медал таа беше подобра со еден ипон од Италијанката Ана де Лука.

Abresa i Micko vo Rommnija

Хамза Јашари (-60 кг) е поразен во првото коло од Ропе Крохонен од Финска со ипон и јуко, како и Еди Шерифовски (-73 кг) од Роаменцот Александру Конастантин со еден ипон.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО