Ризван Куниев: По победата во Абу Даби, сакам еден од лидерите во тешка категорија

Рускиот борец Ризван Куниев верува дека победата на УФЦ Абу Даби ќе му ја отвори вратата да се бори со еден од најголемите претенденти во тешка категорија.
Оваа сабота Куниев ќе се соочи со Американецот Тајрел Форчн во една од најинтересните борби на главната карта на гала вечерта.
Во интервју за Ред корнер ММА Русинот рече дека веќе размислува за следниот чекор во кариерата.
„Ако победам сега, ќе се искачам за едно или две места на ранг-листата. После тоа ќе побарам борба со кој било од луѓето пред мене“, рече Куниев.
Тој нагласи дека никогаш не одбивал предизвици и е подготвен да се бори со секој што УФЦ ќе одлучи да му го понуди.
„Никогаш не одбивам борби. Без разлика дали станува збор за Џош Хокит, Валдо Кортез-Акоста, Сергеј Павлович или кој било друг – подготвен сум да се борам со секого“, додаде Русинот.
Сепак, пред да размисли за борба со најдобрите во дивизијата, Куниев мора да надмине сериозна пречка пред Тајрел Форчн. Победата во Абу Даби би ја зацврстила неговата позиција меѓу претендентите и би го доближила до борби со најголемите имиња во тешката категорија.



