Бикот за Бобан Данов, кочот за Џан Назифов на пеливанскиот турнир во Општина Карбинци

Борачите на БK Балканец вчера настапија на пеливански турнир во Општина Карбинци, при што постигнаа заблежителни резултати, особено во најатрактивните категории.
На турнирот настапија Бобан Данов, Фадил Назифов, Џан Назифов, Стојанче Стојков, Стефан Стојков, Андреј Трајчов и Христијан Димитријев.

Стефан Стојков на четврта рака го освои првото место и парична награда. На трета рака прво место освои Арсим Беќировски од Студеничани, а во финалето го победи Христијан Димитриевски. За втора рака наградата беше коч, а прв беше Џан Назифов, додека наградата за прва рака беше бик која му припадна на Бобан Данов кој го освои првото место. Данов на пеливанските борби се врати по неколкугодишна пауза.

На турнирот присуствуваа повеќе гости, како градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов, претседателот на БФРСМ, Дејан Богданов и други.



