АктуелноМеѓународна сценаММА

Конор Мек Грегор бара борбата со Холовеј да биде прогласена за неважечка

Конор Мек Грегор верува дека неговата борба со Макс Холовеј на УФЦ 329 не требало да се евидентира како пораз со технички нокаут и бара резултатот да се промени во „неважечка“. Ирецот претрпе сериозна повреда на ногата само 69 ​​секунди по враќањето во октагонот по петгодишно отсуство.

Откако се обиде да продолжи, Мек Грегор повторно го игуби тлото под нозете, а судијата Мајк Белтран ја прекина борбата. Неколку дена по борбата, поранешниот шампион објави порака на Инстаграм во која го изложи својот став за тоа што се случило.

„Неколку забелешки. Прво, утре ќе ги добијам резултатите од скенирањето на мојата нога. Второ, борбата треба да се прогласи за неважеќка и сите облози треба да бидат вратени“.

Според Мек Грегор, необичната повреда го лиши и него и навивачите од вистинска борба. Борбата беше еден од најобложуваните настани во историјата на Лас Вегас. По поразот, Ирецот објави неколку емотивни пораки на социјалните мрежи, дискутирајќи за неговата физичка и ментална состојба додека чека конечна дијагноза по медицинските тестови.

Во меѓувреме, Мек Грегор сподели и видео од себе како се среќава со млад обожавател од Саудиска Арабија, во обид да го разубави расположението по разочарувачкиот крај на неговото долгоочекувано враќање. УФЦ сè уште не навести дека ќе го промени официјалниот резултат од борбата или ќе размисли да ја прогласи за неодржана.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON