АктуелноМеѓународна сценаММА

Рајнер де Ридер и Роман Долидѕе се искачија во полутешка категорија за судирот на УФЦ во Скараменто

Рајнер де Ридер и Роман Долидѕе ќе се соочат во борба во полутешка категорија на гала вечерта на УФЦ во Сакраменто, која ќе се одржи на 22 август во Голден 1 центарот. Веста прв ја објави Лео Гимараеш, а подоцна ја потврди и американското издание ММА фајтинг.

Двајцата борци прават голема промена во кариерата, враќајќи се во дивизијата до 93 кг со надеж дека ќе го рестартираат својот подем во УФЦ.

Поранешниот шампион во две категории на ОНЕ, Рајнер де Ридер (21-4), имаше импресивен почеток во УФЦ откако се приклучи во 2024 година. Холанѓанецот има четири последователни победи во средна категорија, вклучително и над претходно непоразениот Бо Никол и поранешниот шампион Роберт Витакер, што го доближи до борба за титулата.

Сепак, подемот беше проследен со два последователни порази – технички нокаут против Брендан Ален и со одлука против Каијо Борахо. По последниот пораз, Де Ридер објави дека ќе се врати во полутешката категорија.

Роман Долидѕе (15-5) исто така ги менува категориите по тежок период. Грузиецот беше меѓу водечките имиња во средна категорија, но два последователни порази го натераа да бара нова шанса на 93 килограми.

Овој потег изгледа како логичен чекор, бидејќи Долидѕе веќе има одлични резултати во полутешката категорија – три победи и ниту еден пораз во УФЦ. Во последениот настап во категоријата го победи поранешниот кандидат за титулата Ентони Смит со едногласна одлука.

Гала вечерта во Сакраменто ќе биде во центарот на вниманието со борба во средна категорија меѓу двајца кандидати од топ 15 – Ентони „Флафи“ Хернандез и Грегори „РобоКап“ Родригез. Се очекува судирот Де Ридер-Долидѕе да биде меѓу најинтересните натпревари на програмата, бидејќи би можел да даде нов импулс во кариерите на двајцата борци.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON