АктуелноБорењеДомашна сцена

Шабан Трстена го посети БК Олимпија, а Имер Кадриовски им додели награди на Нисева и Николов

Боречкиот клуб Олимпија беше посетен од олимпискиот шампион Шабан Трстена, пред сè да и честита на Андреа Нисева за европскиот медал.

„Андреа Нисева и тренерот Гордан Николов беа парично наградени за успехот на ЕП од претседателот на Лирија Имер Кадриовски, кој несебично изрази честитки на клубот Олимпија и борачите, знаејќи дека на Олимпија не ѝ е дозволено да се натпреварува во системот на федерацијата и нашите борачи да ги бранат боите на Македонија. Кадриовски изрази длабоко жалење за челните луѓе кои ја водат федерацијата и нивното вандалско однесување кон младите спортисти кои доколку би се натпреварувале би била побогата историјата на македонското борење“, вели Методи Сичков од Олимпија и додаде:

„Шабан Трстена како медалист од Олимпијада, европски и светски победник со 19 медали од светското борење, пренесе знаење и моменти од неговата историја во борењето на младите борачи на Олимпија.

Даде прецизни насоки на борачите дека само со работа се доаѓа до успех и медал од Олимпијада, како најголемо признание во светскиот спорт“.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON