АктуелноБоксОстанато

Боксерките Софија Станковска и Матеа Илиевска се закитија со сребро и бронза на Златна ракавица на Војводина

На Меѓународниот боксерски турнир за младинци Златна ракавица на Војводина во Суботица, Србија, Македонија настапи со тројца боксери, при што се освоени две одличја – сребро и бронза.

Софија Станковска се закити со сребрен медал, а Матеа Илиевска со бронза.

Иако, боксерите предводени од Реџеп Реџеповски, не забележаа победа, стекнаа драгоцено искуство на овој силен меѓународен турнир за младинци.

Ова е значјано за развојот на македонскиот женски бокс и тоа што боксерките се вклучуваат во натпреварувачки циклус.

Во нашиот тим беше и судијката Радмила Симевска.

На турнирот настапија 42 боксери – 12 во женска конкуренција и 30 во машка.

Резултати Златна ракавица на Војводина:

Финале
60 кг Софија Станковска – Нора Илеш (Унгарија) 0-5 ТКО Р1

Полуфинале
65 кг Матеа Илиевска – Ештер Торо (Унгарија) 0-5 ТКО Р3

Четвртфинале
65 кг Ерјон Саити – Петер Пинтер (Унгарија) 0-5

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON