Борбата меѓу Канело и Кристијан Мбили е одложена

Планираната борба помеѓу поранешниот апсолутен светски шампион во велтер категоријата Сол Алварез-Канело и непоразениот Кристијан Мбили е одложена за крајот на октомври, објави списанието „Ринг“.
Средбата првично беше закажана да се одржи на 12 септември во Ријад, Саудиска Арабија. Во прашање ќе биде Светската титула на ВБЦ во велтер категоријата.
Во моментов не е објавена официјална причина за промената на датумот, но според информациите, борбата ќе се одржи кон крајот на октомври.
За Канело, ова ќе биде прва борба по поразот со едногласна одлука од Теренс Крафорд во септември 2025 година. По борбата, мексиканската ѕвезда беше подложена на операција на лактот и оттогаш не стапнал во рингот.
Од друга страна, Мбили останува непоразен во професионалната кариера и ќе добие шанса да се бори за светската титула против едно од најголемите имиња во модерниот бокс.



