АктуелноБоксПрофесионален

Агит Кабајел е промовиран во нов шампион во тешка категорија на ВБЦ

Откако еден од најдобрите боксери на денешницата Aлександaр Усик ги напушти титулите во тешка категорија, ВБЦ потврди дека Агит Кабајел (27-0, 19 нокаути) е новиот шампион на нивната организација.

Нивната одлука беше потврдена во видео повик меѓу претседателот на ВБЦ, Маурицио Сулејман, членовите на одборот и тимот на Кабајел, предводен од извршниот директор на „Квинсбери промоушнс“, Џорџ Ворен, и менаџерот Спенсер Браун.

33-годишниот германски борец се огласи на социјалните мрежи за да го пофали потегот на украинскиот гигант за одлуката да не ја прекине дивизијата додека размислува за својот следен потег, кој го нарече последен танц.

Кабајел трпеливо го чекаше исходот од неодамнешниот натпревар меѓу Алексанадр Усик и Рико Верховен. Украинецот ја победи легендата на кикбоксот со прекин во 11-тата рунда на спектаклот во близина на пирамидите во Гиза.

Искусниот германски боксер им се заблагодари на своите фанови за поддршката и рече дека „ќе направи сè за да го задржи појасот во свој посед долго време и да додаде уште една титула во својата колекција“.

Кабајел го обезбеди статусот на привремен шампион со победите со прекин против Жилеј Жанг и Дамијан Книба, по што постојано бараше меч против Александар Усик.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON