АктуелноБалкански првенстваТаеквондо
Филип Симоновски е балкански шампион во олимписко таеквондо

Златното момче на ТК Младост, Филип Симоновски, е балкански шампион.
Репрезентативецот Симоновски на Балканското таеквондо првенство во Зрењанин, Србија, по три одлични борби и победи против високо рангирани противници се закити со титулата балкански шампион во кадетска конкуренција до 57 килограми.

„Запамтете го Филип, бидејќи тој е еден од новите олимписки надежи на Македонија“, истакнуваат од ТК Младост.



