АктуелноМеѓународна сценаММА
Френсис Нгану откри против кого сака да се бори во ММА

Поранешниот шампион во тешка категорија на УФЦ, Френсис Нгану од Камерун, изјави дека би бил заинтересиран за ММА борба со поранешниот шампион во тешка категорија на Глори, Рико Верховен од Холандија.
„Рико Верховен е многу интересна личност, многу интригантен противник. Но, сè уште ништо не е направено (за организирање на оваа борба), па затоа со нетрпение го очекувам“, изјави Нгану, пренесе Блади елбоу.
Френсис Нгану има 39 години. Камерунскиот борец има скор од 19 победи, од кои 18 се со прекини, и три порази. Тој е во серија од осум победи во мешаните боречки вештини.



