АктуелноДомашна сценаТаеквондо

Македонските таеквондисти освоија 42 медали на „Охрид опен“

Охрид повторно беше домаќин на еден од најзначајните ИТФ таеквон-до настани во регионот. На 20 јуни 2026 година, во спортската сала „Билјанини извори“, во организација на Македонската традиционална таеквон-до федерација и Таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец Охрид, успешно се одржа Меѓународниот турнир Охрид опен 2026, на кој учествуваа 317 натпреварувачи од девет европски држави.

На турнирот учествуваа клубови и натпреварувачи од Македонија, Молдавија, Грција, Бугарија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Италија и Хрватска, кои во текот на целиот ден приредија врвни борби, атрактивни настапи и вистински спортски спектакл пред присутната публика.

Настанот уште еднаш потврди дека Охрид и Македонија успешно се позиционираат на европската таеквон-до ИТФ мапа, а интересот и квалитетот на учесниците покажаа дека „Охрид опен“ прераснува во еден од најпрепознатливите меѓународни турнири во регионот.

а

Особено успешен настап имаа македонските клубови, кои освоија вкупно 42 медали – 8 златни, 11 сребрени и 26 бронзени.

Најуспешен домашен клуб беше ХВА РАНГ ИТФ, кој освои 4 златни, 6 сребрени и 8 бронзени медали. Одлични резултати забележаа и клубовите Мастер со 1 златен, 2 сребрени и 3 бронзени медали, Ахилиус со 2 сребрени и 1 бронзен медал, ГЕ-БЕК Ресен со 3 златни 1 сребрен и 9 бронзени медали, Сонкал со 4 бронзени медали и Чон-Џи со 1 бронзен медал.

Покрај спортските резултати, натпреваротиспрати силна порака за пријателство, почит и соработка меѓу државите и клубовите, вредности кои се темел на традиционалното таеквон-до.

Со уште едно успешно издание на „Охрид опен“, Охрид повторно покажа дека е вистински спортски и таеквон-до ИТФ центар на Балканот, а Македонската традиционална таеквон-до Федерација продолжува да создава настани кои ја промовираат Македонија, спортот и вредностите на традиционалното таеквон-до на европската сцена.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON