БоксПрофесионален

Френк Ворен откри кој одлучува каде ќе се одржи борбата меѓу Фјури и Еј Џеј

Со години се шпекулира за голема британска пресметка помеѓу двајца врвни тешкаши, Тајсон Фјури и Ентони Џошуа, но никогаш не се случи.

Се чини дека љубителите на боксот наскоро ќе ја остварат својата желба.

Имено, нивната борба е закажана за крајот на годината со еден услов – двајцата мора да ја добијат следната борба.

Џошуа се враќа на рингот на 25 јули во Саудиска Арабија против Албанецот Кристијан Пренгa.

Тоа ќе биде првата борба на поранешниот двократен светски шампион откако во декември го нокаутира Џејк Пол во шестата рунда.

„Ромскиот крал“ се врати во април по повеќе од една година отсуство со победа над Арсланбек Махмудов.

Поранешниот светски шампион на ВБЦ сака да има уште еден загревачки  меч пред борбата со Еј Џеј.

И многу фанови би сакале да ја гледаат нивната борба во Велика Британија, иако медиумите во последните недели ги сугерираат САД како домаќин на спектаклот.

Во разговор за Токспорт бокс, промоторот на Фјури, Френк Ворен, призна дека би сакал да види борба меѓу Тајсон и Еј Џеј на домашен терен.

„Ги разбирам желбите на двете страни, но одлуката сè уште не е донесена. Кога ќе биде донесена одлуката, тогаш ќе знаеме каде ќе се одржи нивната борба“, рече Френк Ворен и додаде:

„А кој ја носи одлуката? Луѓето што ги инвестираат парите. Така беше во последните три борби. Би било одлично ако се случеше во Британија, би сакал да го видам и тука. Сè уште не е донесена одлука, но секако би било одлично ако се случеше во Велика Британија, зошто да не? Тоа е голема борба меѓу двајца Британци.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON