Нов голем успех на Душица Бреслиева – бронза на Европското клупско таеквондо првенство

Душица Бреслиева е втората натпреварувачка на Таеквондо клубот Штип која освои медал на Европското клупско првенство во Сараево, Босна и Херцеговина.
Денес Душица освои бронзен медал во категоирјата до 55 килограми во јуниорска конкуренција, до која дојде по три тешки борби и победи против Јулија Лонска од Украина, Џелијаз Дурмаз од Турција и Елефтерија Вамвакаки од Грција, а во полуфиналето загуби од Хрватката Клара Углешиќ која е светска медалистка.

Бреслиева во континуитет покажува константна форма и продложува да освојува медали на сите значјани натпреварувања.
Ќе потсетиме дека Максим Арсовски се закити со сребрен медал во пионерска конкуренција.
Ова е голем резултат за македонското таеквондо, а, како што вели братскиот тандем Сашко и Жарко Арсовски, кој е синоним за успеси на европската и светската сцена, благодарение на најдобро организираната федерација во нашата држава Македонската таеквондо федерација.
Европско клупско првенство:
Душица Бреслиева – Јулија Лонска (Украина) 2-1
Душица Бреслиева – Џелијаз Дурмаз (Турција) 2-1
Душица Бреслиева – Елефтерија Вамвакаки (Грција) 2-0
Полуфинале
Душица Бреслиева – Клара Углешиќ (Хрватска) 0-2



