Богдан Гусков и Јан Блахович повторно ќе се сретнат на УФЦ Белград

УФЦ официјално закажа реванш меѓу Богдан Гусков и поранешниот шампион во полутешка категорија Јан Блахович. Тие ќе се соочат на 1 август на УФЦ Фајт најт 283 во Белград.
Судирот доаѓа по нивната прва борба на УФЦ 323 во декември 2025 година, кога судиите не успеаја да утврдат победник и ја пресудија борбата како нерешена со одлука на мнозинството.
Ревваншот првично беше закажан за УФЦ 328 во мај, но Блахович беше принуден да се повлече поради скинат менискус за време на тренинг кампот.
За 33-годишниот Гусков ова ќе биде уште една можност да се етаблира меѓу водечките имиња во полутешката категорија. Узбекистанскиот претставник се натпреварува во УФЦ од 2023 година и досега има четири победи, еден пораз и едно реми во организацијата.
Од другата страна ќе биде еден од најискусните борци во дивизијата. Блахович е поранешен шампион на УФЦ и продолжува да биде фактор во борбата за врвните позиции и покрај низата повреди во последните години.
Со оглед на начинот на кој заврши првата борба, реваншот ветува дека ќе даде дефинитивен одговор на прашањето кој е подобар борец и може да се покаже како важен чекор кон нов напад на врвот на полутешката дивизија.



