Мозес Итаума се враќа на рингот кон крајот на август, најверојтано против Филип Хрговиќ

Еден од најперспективните боксери во тешка категорија, Мозес Итаума, веројатно следната борба ќе ја одржи на 29 август во О2 арената во Лондон. Информацијата ја сподели авторитетниот боксерски новинар Ден Рафаел, кој внимателно го следи развојот на тешката категорија.
Според прелиминарните планови, противник на непоразениот Британец ќе биде Хрватот Филип Хрговиќ, иако во моментов борбата сè уште не е официјално потврдена. Итаума првично требаше да се врати на рингот на 25 јули, потоа датумот беше поместен на 8 август, а сега се чини дека конечната опција е крајот на месецот.
21-годишниот Итаума продолжува да се смета за еден од најголемите таленти во светскиот бокс. Британецот сè уште е непоразен во професионалниот ринг, а неговиот промотор Френк Ворен планира постепено да го изградува до борба за светска титула преку ранг-листата на ВБО. Потенцијален судир со докажано име како Хрговиќ би бил најсериозниот тест во неговата кариера досега.



