АктуелноБоксДомашна сцена

Утре со полуфиналните борби почнува Меѓународниот боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“

Утре со полуфиналните борби во Куманово почнува 6.Меѓународен боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“.

Боксерскиот спектакл со учество на боксери од 15 земји ќе се одржи на плоштадот во Куманово.

Пријавени се боксери од Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Турција, Австрија, Белгија, Германија, Италија, Молдавија, Романија, Бугарија, Унгарија, Косово и Македонија.

Полуфиналните борби се во петок, а финалните во сабота со почеток во 17 часот.

Минатата година трофејот го освои Ружди Рустемовски од Пелистерски јунак.

Организаторот БК Куманово 84 најавува учество на најдобрите македонски боксери.

Мирслав Петровиќ, кој почина во 2017 година, е заслужен за многу боксерски шампиони и олимпијци до поранешна Југославија и Македонија. Во Куманово доаѓа во 1972 година откако разбрал дека во овој град има феноменални боксери.

„Пред бардот на југословенскиот бокс, многумина боксери, меѓу кои и Мате Парлов, Аце Русевски и Реџеп Реџеповски, стоеја мирно. Легендарниот тренер Мирослав Петровиќ, е заслужен за многуте олимписки, европски и светски медали на многу врвни боксери. Олимписко Куманово имаше чест тој да биде еден од главните тренери на БК Куманово“, пишуваше своевремено на страницата Кумановски бокс по повод собирот на светскиот и олмиписките шампиони од регионот во Куманово во 2016 година.

Петровиќ од Боксерска федерација на Македонија е прогласен за боксерски тренер на векот, а Европска боксерска федерација во 2000 година му додели титула за најдобар европски тренер.

Во кариерата долга над 40-години, која беше плодна и успешна, ги има тренирано боксерските легенди на бивша Југославија – Мате Парлов, Аце Русевски и Реџеп Реџеповски и има освоено бројни светски и олимписки медали. Тој беше дел и од стручниот штаб на југословенската репрезентација и македонскиот тим.

 

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON