АктуелноКаратеСветски првенства

Сребро за машкиот кумите тим, бронза за женскиот на Светското универзитетско првенство во карате

Македонските кумите тимови освоија со сребрен и бронзен медал на Светското универзитетско првенство во боречки спортови во карате во Бразилија. Кумите тимот мажи освои сребрен медал, женскиот кумите тим бронзен.

Машкиот кумите тим во финалето загуби од Шпанија 1-4, а женскиот во полуфиналето исто така беше поразен од шпанската екипа 0-2.

Сепак резултатот не ја отсликува реалноста на татамито за машкиот кумите тим, бидејќи се бореше шпанскиот тим составен од каратисти кои се во репрезентацијата на Шпанија. Реџеп Рушити несреќно ја изгубил борбата иако завршила 4-4. На пет секунди до крајот водел 4-3, но било досудено сеншу, така Шпанецот победил. Стефан Стојановиќ губи, а Вукашин Јовановиќ победува. Клучниот момент се случува кога Љупче Михјалов се бори за изедначување, борбата доаѓа до 9-9, но по еден удар Михајлов паѓа. Наместо судиите да досудат пресилен удар, тие го казнуваат со мумбои, глумење, нашиот каратист, иако интервенирал и лекарот..

Од нашиот табор се убедени дека Витомир Трајковски ќе извојувал победа за златен медал.

Вкупно Македонија освои четири медали – 1 сребрен, 2 бронзени и четвртиот ќе биде злато или сребро. Денес Вукашин Јовановиќ се бори во финалето до 67 килограми. И Стефан Стојановиќ освои бронзен медал во борби во + 84 кг.

„Машкиот кумите тим прикажа извонредни борби во текот на целиот ден, а најголем
впечаток остави во полуфиналето каде со одлична тактичка и борбена изведба ја совлада
силната селекција на Турција и обезбеди пласман во големото финале. Во борбата за
златниот медал против Шпанија, македонските каратисти повторно покажаа висок
квалитет и огромно срце, но овојпат мораа да се задоволат со сребрениот медал, што
претставува еден од најголемите тимски успеси на македонското универзитетско карате“, вели селекторот Бошко Заборски и додава:

„Успешен ден имаа и девојките во кумите тимска конкуренција. Со сигурни и убедливи
победи против Австралија и Чиле, тие стигнаа до полуфиналната фаза и борба за медал.
По поразот од силната репрезентација на Шпанија, македонските каратистки го освоија
бронзениот медал и уште еднаш потврдија дека припаѓаат на самиот светски врв во
универзитетското карате“.

Со освоеното сребро кај мажите и бронзата кај жените, Македонија продолжува да
испишува нови страници во својата карате историја на Светската универзијада во
Бразилија.

Резултати – Светското универзитетско првенство:

Борби жени
Македонија – Австралија 1/8 финале 3-0
Македонија – Чиле 2-0
Полуфинале
Македонија – Шпанија 0-2

Борби мажи
Македонија – Австралија ¼ финале 4-0
Македонија – Турција 4-1
Финале
Македонија – Шпанија 1-4

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON