АктуелноБорењеОстанато

Црвено-црните девојки на БК Вардар 1961 конкретни – злато и сребро на турнир во Косово

Борачките на Вардар 1961 Неда Урошевска и Михаела Трајковска се закитија со златен и сребрен медал на силниот Меѓународен турнир „Херините на  Косово“ во Качаник.

„Неда Урошевска со две убедливи победи, против противничката од Бугарија славеше со технички туш, а до златниот медал стигна по една исклучително драматична борба со репрезентативката на Косовои кој ја доби со туш.

Михаела Трајковска покажа одлицно издание и важи за голема надеж на македонско борење, но мораше да се задоволи со сребро. Во финалето беше сопрена од најдобрата на овој турнир Јована Нисева од Олимпија. Мора да се истакне и дебитантскиот настап како тренер на женската екипа на Вардар1961 Марија Неделковска која ја предводеше екипата на овој турнир“, вели тренерот на Вардар 1961 Игор Неделковски..

На турнирот учествуваа борачки од Македонија, Косово, Албанија, Турција, Кипар , Франција и Бугарија.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON