Георгиевски и Рељиќ запрени во четвртфиналето на Европското првенство

Најдобрите македонски таеквондисти, кандидати за настап на Олимписките игри во Лос Анџелес, не успеаја да влезат во борба за медал на Европското првенство за сениори кое се одржува во Минхен, Германија.
Носителот на сребрен олимписки медал од Токио, Дејан Георгиевски, мина едно коло во категоријата над 87 килограми. Во првото коло тој беше слободен, во второто со 2-1 славеше над Турчинот Емре Кутламиш Атесли, по што во четвртфиналето загуби со 2-0 од Шпанецот Иван Гарсија Мартинез.
Филип Блажевски во категоријата под 80 килограми загуби уште во првата борба против Исланѓанецот Гудмундур Сигурјонсон (2-0), а Милјана Рељиќ, како и Георгиевски, во осминафиналето славеше над грчката репрезентативка Теопула Сарванаки со 2-0, по што во четвртфиналето беше запрена од Петра Столбова од Чешка (2-1).



