
На Меѓународниот турнир во борење за кадети „Константин Александру и Јоан В, Поповичи“ во Букурешт, Романија, нашите репрезентативци освоија две бронзи, а денес има шанса и за златен медал.

Зоран Шоров (80 кг) ќе се бори за златен медал, додека Бојана Ковачова (53 кг) и Суфијан Синани (60 кг) освоија бронзи.

Интересно е што Ковачова до бронзениот медал стигна во борба со втортата наша репрезентативка Садије Дура.



