БорењеДомашна сцена

Негодување на клубови и борачи на ранг-листата за најдобри борачи во 2025 година

Објавувањето на ранг-листата на најдобрите борачи за 2025 годиба од страна Боречка Федерација на Македонија предизвика реакции кај клубовите и кај борачите.

Боречкиот клуб Вардар остро реагира, како што велат на „скандалозната и крајно нетранспарентна ранг- листа за 2025 година“.

„Со целосна одговорност тврдиме дека од листата се намерно изоставени врвни македонски репрезентативци и докажани шампиони: Ахмад Магомедов, Адам Модосјан, Реџеп Таири, Анастасија Трајчева и Леа Стојковска.

Ова не е пропуст – ова е директен удар врз спортската правда, професионализмот и интегритетот на македонското борење. Наместо објективни критериуми и резултати, сведоци сме на селективност, фаворизирање и сериозни злоупотреби.

Ги повикуваме надлежните институции, вклучително и Министерството за спорт, веднаш да реагираат и да спроведат темелна истрага за овој случај.

Доколку во најкраток рок не се исправи оваа неправда, Боречкиот клуб Вардар ќе преземе сите правни мерки, вклучително и судска постапка, за заштита на своите спортисти и вистината.

Нема да дозволиме трудот, резултатите и достоинството на нашите шампиони да бидат понижени“, вели претседател на БК Вардар, Љубиша Пешко во соопштението до медиумите.

Борачот на Лирија, Трим Исмаили, исто така реагира.

„Денес чувствувам морална обврска да проговорам за јасна неправда и форма на дискриминација која се случува во нашиот спорт, конкретно на листата за ваучери.

Како спортист кој работел конзистентно посветено, пожртвуваност и дисциплина, разочарувачки е да се види дека критериумите не се резултатите, трудот и достигнувањата не се правилно оценуваат, додека некои имиња се вклучени без целосна транспарентност“, вели Исмаили во обраќањето до медиумите и обајава на Фејсбук.

Тој наведува дека е второпласиран на Балканот, и дека има и бронзен медал од Балканско првенство, 7-мо место во Европско првенство, како и последователен македонски шампион во У-20, У-23 и сениори.

„Овие достигнувања се резултат на напорна работа и максимална посветеност и заслужуваат вистинска благодарност.

За жал, оваа ситуација остава впечаток дека Македонската федерација прави неправда кон албанските можности, не ги третира подеднакво и не ги оценува како што заслужуваат.

Ова не е само неправда за мене како Трим Исмаили, туку за секој спортист кој дава се од себе и очекува неговата работа да биде соодветно ценета. Спортот мора да биде пример за правда, почит и еднаквост – не за фаворизирање и нејасни селекции

Јавно барам поголема транспарентност, разгледување на одлуките и почитување на мери Само на овој начин можеме да изградиме добар и фер спорт за сите“, вели Исмаили..

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON