
Јована Нисева во категорија до 30 кг го освои првото место со 4 убедливи победи на Државното првенство на Бугарија кое се одржа во Враца.
Јована годинава по втор пат станува државен првак. Да потсетиме, во Софија пред еден месец исто така надмоќно ги победи своите сопернички и покажува техника која во иднина ќе не радува и на европската и светската сцена како медалист од најголемите првенства.

Марија Нисева настапи во категорија до 62 кг и се искачи на пиедесталот на второто место со три победи, а беше поразена во финалната борба.

Марија на Државното првенство на Македонија го освои првото место како борачка на БК Вардар од Скопје. Таа е уредно пријавена за учество на Европското првенство во У-15 кое ќе се одржи во Самоков, Бугарија, од 12 до 17 мај, но велата од клубот дека од Боречка федерација нема никаков одговор до ден-денес додека другите се на подготовки.
„Оваа дескриминација врз децата спортисти од борачкиот клуб продолжува. Виновни се институциите што дозволуваат некадарни да го водат најтрофејнијот спорт борењето“, велат од БК Олимпија и додаваат дека се уништуваат безброј деца, таленти од Македонија, а секоја година регистрират по некој руски борач кој го преставуваат како број 1, но ништо од тоа, само се одлеваат средтства од буџетот за спорт“.



