АктуелноДомашна сценаЏудо

Катерина Николоска повторно во светската судиска џудо елита

Од 20 до 22 март нашата судијка Катерина Николоска ја отвори натпреварувачката година со настап на престижниот Гранд слем турнир во Тбилиси, Грузија, на кој учествуваа 386 натпреварувачи од 51 земја.

По завршувањето на овој врвен турнир од серијата Ворлд џудо, Катерина продолжи со одличната работа и судеше на Светскиот куп ИБСА, кој исто така се одржа во Грузија.

Таа успешно ја положи катата за 2 дан (катаме но ката) пред ИЏФ експертите од Академијата, уште еден услов за усовршување и напредок како судија во светската џудо турнеа.

Николоска од година во година ги покажува своите квалитети и се наметнува во светскиот судски врв во џудото.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON