Мила Рељиќ закрепнува од повредите, подоготвена ќе настапи на „Скопје опен Рамус Г-1“

Репрезентативката во олимписко таеквондо Мила Рељиќ закрепнува од повредите и најавува настап пред домашната публика на Меѓународниот турнир „Скопје опен Рамус Г-1“, на кој ќе биде присутна светската елита од 3 до 5 април.
„Вистинските борци не се откажуваат кога ќе паднат. Напротив, колку повеќе паѓаат и повторно стануваат, толку посилни се враќаат. Тоа е суштината на спортот и на вистинскиот шампион. Пред неколку месеци, на Светското првенство во Кина уште во првата борба се здобивме со руптура на квадрицепсот, што значеше пауза од месец и половина, и без медал од светско. Таман, кога се враќавме во ритам, следеше нов удар, скршеница на четири метакарпални коски, која повторно ќе нè оддалечи од тренинг и натпревари.
Ова се моментите кои го тестираат не само телото, туку и карактерот на еден спортист. Препорачана е пауза од 2-3 недели, викендов го пропуштаме Г-1 натпреварот во Анталија, но ќе направиме максимални напори следниот викенд да се прикажеме во најдобро светло пред домашната публика на Скопје Рамус Г-1 опен. Не се откажуваме.
Врвот не чека!
Мораме да бидеме максимални подготвени за 6 недели да освоиме медал на Европското првенство во Минхен, Германија“, изјави тренерот Александар Ефтимов.



