АктуелноКаратеОстанато

Македонското знаме повторно развиорено во Флорида – нови медали за македонските карате амбасадори


„Традицијата на успеси продолжува и овој пат за нашите најдобри натпреварувачи. Бони освои златен медал во борби и сребрен медал во кати, додека Сиена се закити со два бронзени медали – во кати и борби. Следен предизвик за тимот е УСА опен, еден од најголемите и најпрестижни карате турнири во САД“, вели Дејан Милошевски.

Изминатиот викенд, на 21–22 март, во Амелија Ајленд, Флорида, се одржа Меѓународниот карате натпревар „Сисајд класик 2026“, организиран од Фернандина доџо и сенсеи Шон Воткинс, под покровителство на УСА Маршал артс федерацијата, предводена од ханши Роџер Џарет. Натпреварот беше санкциониран од УСА Карате федерацијата и претставуваше еден од квалификациските турнири за Државното првенство во САД за оваа година.

Настанот обедини околу 250 натпреварувачи од повеќе клубови, како и приближно 25 меѓународни и национални судии. Сите учесници – натпреварувачи, тренери и судии – мораа да бидат активни членови на УСА Карате федерацијата и соодветно сертифицирани за своите улоги. За време на ова натпреварување се одржа и судиски семинар, на кој учествуваа неколку судии и тренери со цел да се сертифицираат и да ги обноват своите лиценци.

Меѓу судиите на овој престижен турнир беше и македонскиот светски карате судија Дејан Милошевски, кој континуирано е дел од американскиот судиски тим. Натпреварот се одвиваше на четири татами во одлично организирана спортска сала, со високо ниво на натпреварувачки дух и дисциплина.

Покрај судиската улога, Милошевски со особено задоволство истакнува дека неговиот клуб ММА (Милошевски маршал артс) беше претставен и во натпреварувачкиот дел. Сиена и Бони настапија во дисциплините кати и борби, остварувајќи значајни резултати.

„Традицијата на успеси продолжува и овој пат за нашите најдобри натпреварувачи. Бони освои златен медал во борби и сребрен медал во кати, додека Сиена се закити со два бронзени медали – во кати и борби. Следен предизвик за тимот е УСА опен, еден од најголемите и најпрестижни карате турнири во САД“, вели Дејан Милошевски.

Со овој настап повторно беше развиорено македонското знаме на меѓународна сцена, како симбол на континуирано присуство и успех на македонските каратисти во светот. Македонските карате амбасадори продолжуваат со својата мисија – гордо и достоинствено ја претставуваат Македонија на највисоко ниво, градејќи спортски мостови на пријателство, почит и соработка низ светот.

„Македонија има со што да се гордее и на оваа страна на светот. Ние продолжуваме да освојуваме медали и да пишуваме историја“, истакнува Милошевски.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON