
Кирил Цветковски од Металург освои бронзен медал на силниот Меѓународен карате турнир „Гранд при Словачка“.
Цветковски забележа четири победи до полуфиналето, а петтата беше за бронзениот медал.

На турнирот услетвуваа 375 карате клубови со 2775 спортисти од 45 држави.
„Среќни сме што можеме да се натпреваруваме со силни земји. Ние сме на вистинскиот пат за постигнување големи победи и одлични резултати.
Ви благодариме на сите за поддршката што ветуваме дека нема да разочараме“, напишаа од Металург на нивната Фејсбук страница.

У-14
-55 кг
Кирил Цветковски – Денис Жолоб (Украина) 10-1
Кирил Цветковски – Христос Еротокриту (Кипар) 3-0
Кирил Цветковски – Алексеј Сладки (Словачка) 2-0
Кирил Цветковски – Волдомир Сеико (Украина) 8-2
Полуфинале
Кирил Цветковски – Бенце Гал (Унгарија) 4-5
За бронза
Кирил Цветковски – Матви Касијанов (Украина) 5-0



