Хва ранг ИТФ е најуспешен клуб на Државното првенство во традиционално таеквондо, пред Сонкал и Мастер

Таеквондо клубот „ХВА ранг ИТФ“ Лескоец – Охрид е најуспешен клуб со освоени 21 златен, 16 сребрени и 18 бронзени медали, како и 6 пехари за најдобри поединци на Државното првенство во традиционално таеквондо ИТФ што се одржа во сабота.

На второто место е „Сонкал“ од Мислешево со 14 медали – 6 златни, 4 сребрени и 4 бронзени медали и два пехари за најдобри поединци, а на третото место е „Мастер“ од Охрид со 11 одличја – 2 злата, 3 сребра и 6 бронзи медали и еден пехар за најдобар поединец.

Потоа следат „Ге бек“ од Ресен со 14 медали (1-3-10, „Чонџи“ од Косел со 7 (1-2-4) и „Ахилиус“ од Скопје со 5 (1-2-2).

За најдобри поединци во старосните категории се:
-најдобро девојче 8–9 години – Дариа Митреска, со освоени 2 златни медали
-најдобро дете 8–9 години – Јаков Гагалески, со освоени 2 златни медали
-најдобра кадетка 10–11 години – Емилија Трајчевска, со освоени 2 златни медали
-најдобар кадет 10–11 години – Теодор Ѓорески, со освоени 2 златни медали
-најдобра кадетка 12–13 години – Христина Стојкоска, со освоени 1 златен, 1 сребрен и 1 бронзен медал
-најдобар кадет 12–14 години – Даријан Китаноски, со освоени 1 златен и 1 сребрен медал
-најдобра јуниорка 14–16 години – Миа Танеска, со освоени 2 златни, 1 сребрен и 1 бронзен медал
-најдобар јуниор 14–16 години – Михаил Крстаноски, со освоени 2 златни и 1 сребрен медал
-најдобра младинка 16–21 година – Анастасија Чулческа и Теодора Тодороска, со освоени по 1 златен и по 2 сребрени медали
-најдобар младинец 16–21 година – Давид Крстески и Владимир Димитриевиќ, со освоени по 1 златен и по 1 сребрен медал

На Државното првенство учествуваа 88 натпреварувачи во две дисциплини – форми и борби.




