
Регионот го напушти голем карате мајстор и голем вљубеник во Охрид. Вечерва стигна непријатна вест од Ниш, починал сенсеи Милан Ѓокиќ (1962-2026).
Голема загуба за каратето во Ниш, Србија и Балканот.

Ѓокиќ беше еден од коосновачите на Големиот балкански карате семинар со карате мајсторите Зоран Пејов од Македонија, Тони Петров од Бугарија, Ранко Вукотиќ од Црна Гора и идејниот творец на овој проект Стојан Стојанов, кавадарец кој живее во Франција.
Милан беше карате фанатик, тоа беше начин на живот. Денот почнуваше и завршуваше со карате.
Со крате почнува да се занимава во 1974 година во Врање, потоа продложува во Лесковац, а по преселувањето во Ниш го основа клубот „Ки“. Ѓокиќ беше и селектор на фудокан репрезентацијата на Србија.
Комеморацијата е утре во 11:00 часот во Офицерскиот дом, Орловиќ Павле 28, Ниш. Опелото е во 14:00 часот, а погребот во 14:30 часот на новите гробишта во Ниш.
Почивај во мир пријателе!



