
Македонските кикбоксери освоија две брoнзи првиот ден на ВАКО Светски куп Италија 2026, во Лидо ди Јесоло.
Бронзени медали освоија Давид Атанасовски и Радослав Велески во лоу кик.

Денес првиот ден од првенството во квалификациите победи извојуваа:
– Мирко Василев – Перо Челебиќ (Австрија)
– Петре Велков – Хесгеми Захед (Швајцарија)
– Силвио Мировски – Павиjа Домингез Мидас (Швајцарија)
– Андреј Смилевски – Колинс Еван (Ирска)
– Калин Бабoски – Узар Мухаммед Фуркан (Турција).

„Останатите наши борци Давид Атанасовски, Андријано Димишковски, Данило Методиевски, Радослав Велески, Иван Кукуновски и Максим Митровски ги изгубија борбите во квалификациите од кој Давид Атанасовски и Радослав Велески имаат бронзи“, соопшти селекторот Дејан Митровски-Урко.

Нашата држава на овој голем меѓународен настан ќе ја претставуваат 17 натпреварувачи од 9 кикбокс клубови.
НА Светскиот куп Според учествуваат 2397 кикбоксери со 3982 натпреварувачки влезови, од 432 клуба од 45 држави.

Резултати Светски куп Италија:
Лоу кик
Млади јуниори
-63,5 кг
Полуфинале
Давид Атанасовски (Гладијатор Скопје) – Франческо Ротини (Италија) 0-2
Постари јуниори
-63,5 кг
Андријано Димишковски (Гладијатор Скопје) 9.место
-67 кг
Иван Кукуновски (Шампион) 5.место
-71 кг
Данило Методиевски (Предатор) 5,место
Сениори
+91 кг
Полуфинале
Радослав Велески (Ронин Прилеп) – Милош Мугоша (Црна Гора) 0-0
К-1
Сениори
-75 кг
Максим Митровски (Шампион) 5.место



